Најголемото шише со виски продадено на аукција за 18.000 евра

Најголемото шише со виски на светот, високо 1,5 метар, е продадени на аукција за 15.000 фунти, или околу 18.000 евра.
Шишето соддржи количество виски од 150 вообичаени шишиња.
Со шишето од 105 литри, наполнето со 14 години стар виски „Томинатул“, високо 1,5 метар и тешко повеќе од 180 килограми, може да се сервираат околу 5.250 чашки со виски.


Продадено е на онлајн божиќна аукција што се оддржа вчера.
Шиѓето било наполнето со овој бренд на виски во 2009 година, а на врвот била ставена затка од 20 сантиметри.
Шишето првпат го напуштило селото Хејленд во 2012 година з ада биде претставено на Шкотската изложба на виски во Единбург и тогаш беше проценето на околу 5.000 фунти (6.000 евра) , пренесе Би-Би-Си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.