Најдобар полицаец за 2017 година од ПС Гази Баба

Оваа година тоа е полицаецот Благоја Крстевски, на кого градоначалникот Борис Георгиевски му врачи награда од 20.000,00 денари.
Општина Гази Баба на овој начин се заблагодарува на сите вработени во полициската станица, а посебно на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2017 година.
Воедно, ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, што резултираат со вакви или слични награди и признанија.
28.12.2017

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.