Најдобра диета е онаа според обликот на телото

Сите луѓе сме различно градени и имаме различно облици на телото, кои може да се поделат во основа на јаболко, круша, песочен часовник и правоаголник.
Во продолжение прочитајте како секој од овие облици се дефинира и како треба да се храните.
Јаболко
Овие жени имаат широки раменици и големо торзо, па поради тоа изгледаат како нозете да им се несразмерно кратки во однос на телото. Најчесто струкот е слабо нагласен.
Во однос на исхраната, треба да се внесуваат што помалку јаглехидрати, а повеќе растителни влакна. Овие жени се склони кон покачен холестерол и дијабетес, а често имаат проблеми со високите нивоа на кортизол.
Кај нив поголем проблем се јаглехидратите отколку мастите, но препорачливо е да се избегнува масна храна. Треба да вежбаат јога, лесни вежби за истегнување, а од храна, да ги засноваат оброците на хељда, просо и немасно месо.


Круша
Кај овие жени се нагласени колковите и задникот, а струкот и рамениците се потесни од колковите. Вишокот килограми се „лепи“ лесно за нивните нозе.
Од храната мора да ги исфрлат газираните сокови, печивата, тортите, а особено јатките. Препорачливи се зеленчуците богати со влакна, киселото млеко, како и секој вид овошје.
Кога е вежбањето во прашање, најдобро за овие жени е класичното трчање или брзо одење.
Песочен часовник
Обемот на градите и колковите е еднаков, мастите се насобираат подеднакво и горе и долу, а струкот е многу нагласен.
Овие девојки мора да практикуваат здрав начин на исхрана, со многу листест зеленчук, говедско месо, јајва, ореви, нискомаслени млечни производи, а целосно треба да ги исфрлат десертите, особено оние индустриските.
Од спортови, се препорачуваат јога, аеробик, зумба или танцување.
Правоаголник
Ова се девојки и жени кои имаат момчешка фигура, која се карактеризира со тесни колкови и мали гради. Кога накачуваат килограми, тоа им се познава на стомакот најмногу.
Во исхраната треба да вклучат повеќе протеини од риба и пилешко месо, а строго да го ограничат внесот на кафе и десерти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.