Најдобриот рецепт за кнедли со кајсии

Потребни состојки:
10 кнедли)
10 помали кајсии
300 г компири
150 г брашно
1 јајце
50 г путер
Прстофат сол и шеќер
Малку масло
Презла
Начин на подготовка:
Измијте ги кајсиите, па внимателно извадете ја семката. Излупете ги компирите, исечкајте ги на коцки и варете ги во солена вода. Откако ќе се сварат компирите додајте го путерот, па сè заедно изгмечете со вилушка додека да добиете пире. По потреба додајте и малку сол.
Во голем сад додајте брашно, прстофат сол и шеќер, пире од компири и на крајот јајцето.
Замесете го тестото. Поделете го тестото на 10 дела и на секој дел ставете една кајсија, израмнете од страните и ставете ги на набрашнета површина.
Во длабок лонец сипете вода. Откако ќе зоврие водата, внимателно додајте ги кнедлите. Откако ќе испливаат на површина, варете уште 5 минути и извадете ги. Загрејте го маслото, пропржете ги и излкајте ги во кнедлите. Потоа наросете со шеќер и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.