Најдобриот рецепт за кремаст чизкејк со лимон

Потребни состојки:
200 г мелени биксвити или плазма
5 лажици кафеав шеќер
180 г шеќер во прав
120 г путер
500 г крем сирење
1 лимон
2 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
360 г павлака
5 лажици шеќер
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 250 степени. Ставете хартија за печење во калап за торта и додајте 2 лажици кафеав шеќер и почнете со подготовка на подлогата. Промешајте ги бисквитите со 3 лажици кафеав шеќер и 120 г растопен путер. сипете ја смесата во калап и распоредете ја смесата. Печете ја точно 4 минути.
За тоа време подгответе го филот. Изматете 500 грама свежо сирење, сок од еден лимон, 2 јајца, 180 г шеќер во прав и ванилин шеќер.
Печената кора извадете ја од рерна и намалете ја температурата на 170 степени. Сипете го филот и печете 25 минути. Изматете павлака, 5 лажици шеќер и ванилин шеќер. Откако ќе се испече чизкејкот исклучете ја рерната, прелијте со подготвениот прелив и вратете ја во рерната на 5 минути. Оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. По 3 часа е подготвена за сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.