Најдобриот рецепт за леб без месење

Пробајте го рецептот на Мартина Трајаноска за вкусен леб кој воопшто не се меси.
Потребни состојки:
350-400 мл вода
500 г брашно
20 г свеж квасец(10 г сув)
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
Начин на подготовка:


Измешајте ги квасецот(свеж), водата и шеќерот, па додајте ги во брашното и солта.
Доколку правите со сув, квасецот прво измешајте го со брашното. Ќе добиете леплива мека смеса. Покријте ја со фолија или кеса и оставете преку ноќ. Наутро оформете го лепчето и оставете го на набрашнета крпа во длабок сад уште околу 1 час. Префрлете го во тенџере со хартија за печење и печете го на 200 С околу 40 мин -1 час без капак. Доколку го печете со капак, печете 20 минути со капак, 20 минути без. Оставете го лепчето уште 15-тина минути во исклучена рерна, па извадете го и оставете го целосно да се излади(околу 1 час). Доколку не сакате премногу крцкава коричка, попрскајте го лепчето со вода пред да се излади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.