Денот на вљубените само што не дошол, а вие сеуште не сте одлучиле со што ќе ја израдувате вашата поубава половина? Што убаво да и подарите на вашата љубов, а да не потрошите премногу или да не ја промашите темата?
За да ви олесниме направивме листа на најубавите љубовни подароци, одлучивме да ги додадеме и најлошите за да не се одлучите токму за нив.
Најлоши подароци
Опрема за вежбање
Иако мислите дека вашиот партнер или партнерка може да ослабе малку, сепак Валентајн не е денот кога треба тоа да го кажете.
Правосмукалка или некој друг апарат за домаќинство
Се одлучивте за на правосмукалка? Колку романтично! Дури и да сте во брак повеќе од 30 години и токму сега да ви се расипала правосмукалката, ова никако не е ден кој би сте го искористиле за купување на нов апарат за домаќинство. Најдете нешто што покажува “те сакам“, а не “еве сега можеш да се фатиш за работа“.
Подарок кој го купивте и претходната година
Можеби вашиот партнер или партнерка беа воодушевени од претходниот подарок, но тоа не значи дека морате да го повторите. Купувањето на ист подарок два пати, без разлика колку добар може само да и наштети на врската.
Вест за разделување
Колку и расправии да постојат и вашиот однос да не е добар, Валентајн дефинитивно не е денот кога другата страна би требала да дознае.
„Напалено куче“ усб.
Ова е убедливо најпопуларниот подарок за анти-валентајн љубителите. Прилично корисен во секојдневието, а и совршено покажува зошто сте со партнерот. Хеј, млади сме, немаме намера да раѓаме 14 деца. Само сакаме добар секс на 14 февруари.
Најдобри подароци
Врамена фотографија од почетокот на врската
Сеќавањето на првите моменти од вашата врска дефинитивно ќе ве разнежнат и ќе ви пробудат романтични чувства. Ова е релативно ефтин подарок, а значи многу.
Честитка
Во време кога веќе никој не користи честитки, таа се чини како една од најромантичните идеи. Уште ако и сами ја направите и ја искажете својата креативност, верувајте дека трудот ќе ви се исплати.
Заедничка масажа
Освен што и вие ќе си поминете добро, и нема да се грижите за резервации во преполните ресторани, со својата љубов ќе уживате во опуштени моменти. Овој релаксирачки подарок секогаш добро доаѓа.
Романтичен викенд за двајца
Без разлика дали планирате да избегате од градскиот метеж и во мир со својот парнер или партнерка да поминете незаборавни моменти, или пак едностано да се затворите во своите четири ѕида (што е поефтино, а исто добра варијанта). Ова е идеја која секого ќе го воодушеви. Па што може да биде поубаво, од добро испланиран викенд за двајцата?
Секси долна облека
Ова не е многу креативен подарок, но секогаш добро доаѓа. А освен тоа имате и премногу избор, па во никој случај нема да погрешите.
Кошница со слатки
Ако знаете дека партнерот ги сака слатките (а кој не ги сака) можете да најдете и купите соодветна кошница и пополнете ја со најубавите слатки.
Чаша со слика и текст
Можете сами да дизајнирате чаша и да ја подарите на вашиот партнер за Денот на вљубените. На неа можете да ставите убава заедничка слика со текстот што ви е омилен. Потрудете се тоа да биде нешто искрено, прекрасно и незаборавно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Денот на вљубените само што не дошол, а вие сеуште не сте одлучиле со што ќе ја израдувате вашата поубава половина? Што убаво да и подарите на ваша