Познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез оваа година се разведе од Бен Афлек, но се прошета и во многу предизвикувачки и атрактивни модни комбинации.На самиот почеток на 2024 година, Џенифер Лопез воодушеви со својот стајлинг на претставувањето на нејзиниот нов мјузикл.Потоа на црвениот тепих во театарот Долби во Лос Анџелес облече фустан „ѕвезда“. Фустанот се состоеше од црно велур елече и црно здолниште од тул со ѕвезди и астролошки знаци на него.Во друга дневна прилика таа облече тесен бел хеклан фустан во кој изгледаше многу секси. Облините кои се нејзин заштитен знак, латино дивата ги истакна во уште една опуштена дневна комбинација. За состанокот за ручек таа избра тексас фармерки со ѕвоно и тесен бел топ со високо деколте, кој речиси целосно ги откри нејзините гради. Еден дел од 2024 година беше одбележан со љубовен бродолом и развод од актерот Бен Афлек . Но, после тоа Џеј Ло брзо блесна во полн сјај.Така, на филмскиот фестивал во Торонто таа се појави во фустан кој многумина го нарекоа „одмазднички“. Впечатливиот сребрен фустан се состоеше од предна и задна страна кои беа споени со црни машнички од страните. Очигледно беше дека под оваа секси креација воопшто не носи долна облека.Внимание привлече и фустанот во кој Џеј Ло беше фотографирана на почетокот на декември, во домашна верзија. Светкавиот долг фустан имаше провокативно деколте и изгледаше многу секси и привлечно. А за време на неодамнешниот божиќен шопинг, латино дивата беше видена во чиста шик блуза која ја спои со фармерки со низок струк.Оваа зима Џеј Ло еднаш се појави во модерно палто од леопард кое допираше до врвот на нејзините бутови. Со неа облекла високи и широки чизми, исто така со леопард дезен, кој делувал особено секси. Таа неодамна ги израдува своите обожаватели, кога облече црвен лелеав фустан во духот на празникот, покажувајќи ја својата зачудувачки фигура и облини, како и деколтето кое ја разгорува фантазијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: