Најкратката и најтажната приказна од само шест збора, која ќе ве допре до срцето

Најкратката и најтажната приказна на светот: Има само шест збора, но ќе ви го скрши срцетоСветски познатиот и легендарен писател, Ернест Хемингвеј како многу млад во еден разговор со многу повозрасни колеги писатели, одлучил по секоја цена да се пофали, па што и да биде.
На своите соговорници тогаш им рекол дека е во состојба да напише комплетна приказна во само шест збора. Никој не му поверувал, сите тоа го сфатиле како обид и желба на младиот писател да се истакне меѓу колегите. Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да си поиграат со него, па како поткрепа за нивната убеденост се обложиле дека тоа е невозможно и секој од нив вложил по десет долари.
Хемингвеј земал салфетка од масата и на неа напишал шест збора.
Не сакал да прочита на глас што напишал, туку му рекол на колегата до него да го направи тоа наместо него. Никој не го прочитал на глас, туку само меѓусебно си ја “додавале“ салфетката. По неколку минути му се извиниле на младиот колега, па едногласно изјавиле дека шест збора се повеќе од доволно за да се напише приказна. И тоа, добра приказна.
Јасно е дека една приказна може да содржи многу повеќе зборови, но можно е да се направи чудо и само со шест збора, а тоа и била поентата на облогот.
Ова е приказната на Хемингвеј од само шест збора:
“На продажба. Чевличиња за бебе. Неносени“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK