Трик на ТикТок го покажува најлесниот начин за лупење варени јајца, а потребните алатки ги имате во кујната. Една лажица ќе биде доволна за оваа постапка.
Лупењето варени јајца понекогаш може да биде предизвик, а на интернет можете да најдете различни совети кои би требало да ви го олеснат овој процес. Па така, на ТикТок се појави видео кое го покажува најлесниот начин.
На видеото се гледа како жена зема јајце и вели дека наместо стандардното тапкање по работната површина, за да го олесните процесот на лупење, треба да го направите следново.
„Наместо тоа, излупете го вака“, се вели во видеото, додека жената зема лажица и го удира јајцето со лесни движења.
Потоа ја става лажицата под лушпата и ја влече во сите правци за целосно да го излупи јајцето, а тоа го прави со рекордна брзина.
Во коментарите се гледа дека корисниците не се преголеми оптимисти за овој метод, тврдејќи дека функционира само ако јајцата претходно добро се изладат во ледена вода.