Најмалку 13 деца загинаа во пожар којшто рано во вторник избувна во едно исламско училиште во Јангун во Мјанмар, а властите велат дека најверојатно се работи за несреќен случај, а не диверзија.Тринаесет деца се задушиле од чадот кога избувнал пожарот во спалната на училиштето којашто се наоѓа покрај џамијата во централниот, мултиетнички дистрикт Ботатаунг утрово околу 2.40 часот по локално време.Претставник на противпожарната служба кој беше на должност рече дека пожарот бил предизвикан од прегревање на трансформаторот, но властите подоцна соопштија дека сè уште се истражува причината.„Ние утрово го изгаснавме пожарот, но сè уште не знаеме што била причината. Има многу гласини и загриженост поради ова“, изјавил еден од пожарникарите кои го гаселе пожарот.Вооружени полицајци ја блокираа областа во која се наоѓа училиштето и каде утрово се собраа голем број луѓе. Според официјалните податоци, дефекти на електричната мрежа и прегревањето се главните причини за пожарот во Јунгун.Но многу муслимани се скептични во однос на причините за пожарот, вели Мја Аје, муслимански член на студентската продемократска група, Генерација 88.„Ние сме загрижени и тажни поради страдањето на невини деца“ вели тој.Погребот на настраданите деца ќе биде одржан денеска попладне. Јангу, најголемиот град во Мјанмар избегна верски судири во март, па властите поставија полиција пред џамијата и им наложиле на сопствениците на рестораните во некои делови од градот заради внимателност да ги затвораат своите угостителски објекти порано.Според официјалните податоци, во судирите меѓу муслиманите и будистите, коишто избија на 20 март во Меиктил, во централен Мјанмар загинаа 43 лица и уништени се неколку џамии.Насилството се прошири на уште 15 градови и села, а прекина дури кога претседателот Теин Сеин им издаде наредба на полицијата и војската да ја задушат побуната на будистите против муслиманите.Соседите и очевидците на пожарот велат дека вратата на училишната спална можеби била заклучена, а на прозорците биле ставени решетки од безбедносни причини поради мартовските судири.„Настраданите деца имале 13 и 14 години. Тие се задушиле бидејќи не можеле да скокнат низ прозорците кои биле затворени со железни решетки“ раскажал очевидец.
МакфаксНајмалку 13 деца загинаа во пожар којшто рано во вторник избувна во едно исламско училиште во Јангун во Мјанмар, а вла