Најмалку 23 повредени во земјотресот кој ја стресе Турција

Најмалку 23 лица се повредени во јужна Турција во земјотресот со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион.

Центарот за регистрирање земјотреси во Истанбул соопшти дека потресот се случи вчера во 20:47 часот по локално време.
Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија.

Најмалку 23 повредени во земјотресот кој ја стресе Турција

Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари. Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека во Малатија загинале околу 2.300 луѓе.
На 6 февруари, два големи и последователни потреси ја разурнаа југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.