Најмалку 25 лиза загинаа а шеесетина се ранети кога напаѓач самоубиец се разнесе во шатор во кој се одржуваше предизборна кампања во Бакуба, јавува Associated Press, повикувајќи се на полициски и болнички извори.Нападот започнал откако самоубиецот прво фрлил рачна бомба во шаторот во Бакуба, 65 километри североисточно од ирачката престолнина Багдад. Веднаш потоа самоубиецот го активирал експлозивот кога кандидатот за парламентот Мутана ал-Јурани и неговите поддржувачи се собрале на ручекот во големиот шатор поставен веднаш во близината на куќата на политичарот.Според агенцијата, анонимен полициски извор, рекол дека ал-Џурани бил повреден во нападот. Мутана Ал-Џурани е во кампања за освојување на мандат од истоимената провинција од редовите на политичкиот блок Иракија.Засега ниедна групација или поединец не ја преземаа одговорноста за нападот кој се одигра во период на зголемување на насилството додека Ирачаните се подготвуваат за првите избори по три години. Провинциските избори треба да се одржат на 20-ти априлВо петокот во експлозија на бомба, исто така, во Бакуба, која беше фрлена веднаш по петочната молитва во близина на локална џамија, загинаа две лица а десетина беа ранети. Во петокот, исто така, беа убиени три ирачки војника откако нивното возило наиде на нагазна мина во квартот Абу Граиб во западниот дел од главниот град Багдад. Уште тројца цивили ги загубија животите а 15-ина беа ранети во експлозија во петокот во Багдад.На 20-ти април во Ирак треба да се одржат локалните избори, меѓутоа од безбедносни причини веќе е најавено дека тие ќе бидат одложени во две покраини во коишто е мнозинство сунитското население. Некои групи од сунитите, коишто во времето на диктаторот Садам Хусеин ја држеа власта, коишто на државно ниво се малцинство со 33 отсто наспроти 66 проценти шиити, се блиски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда и вршат напади врз припадници на шиитското мнозинство, врз ирачките безбедносни сили, како и врз сунитските прозападни политичари.Вообичаено е за ирачките политички кампањи кандидатите да подигнуваат големи шатори на главните градски плоштади или на нивните имоти во коишто приредуваат говори, ручеци за нивните приврзаници или гласачите можат да се информираат за нивната политика.Сунитскиот кандидат Мутана Ал-Џурани кој беше цел на нападот во саботата, доаѓа од политичкиот блок Иракија на премиерот Ијад Алави којшто го поддржуваат сунитите, а чии 10 кандидати се убиени во слични напади претходните денови.
МакфаксНајмалку 25 лиза загинаа а шеесетина се ранети кога напаѓач самоубиец се разнесе во шатор во кој се одржуваше предизбо