Најмалку 28 загинати при екcплозиjа во pудник во Иран

Најмалку 28 лица загинаа во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави денеска иранската државна телевизија.

Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник.

Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо. Во блоковите Б и Ц на рудникот, погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. Во тек спасувачка операција.

Пронајдете не на следниве мрежи: