Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран

– Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран, соопшти денеска невладината организација за човекови права Хјуман рајтс воч.Во овој биланс на жртви се вклучени само граѓани кои загинале во репресијата, а нема информации за припадници на безбедносните сили.

Од 448 лица чија смрт беше потврдена, 60 се на возраст под 18 години, вклучувајќи девет девојчиња и 29 жени, соопшти иранскиот огранок на Хјуман рајтс воч (Human Right Watch).

Иранските власти, од своја страна, соопштија дека повеќе од 300 луѓе загинале од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини во притвор поради кршење на строгиот кодекс на облекување за жените.

Оваа бројка вклучува десетици припадници на безбедносните сили кои загинаа за време на судирите со демонстрантите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.