Најмалото машко бебе родено само 268гр, излегува од болница и конечно си оди дома

Бебе, родено со само 268 грама, по неколку месеци, ја напушти болницата во Токио со тежина од 3,2 килограми.
Тој е најмалото родено машко бебе во светот кое останало живо.
-Благодарна сум што порасна толку голем, бидејќи искрено, не бев сигурна дека ќе преживее, вели мајката на момчето.


Според документацијата на Универзитетот во Ајова, до овој случај, најмало машко бебе кое преживеало беше родено во Германија во 2009 година со само 274 грама.
Тежината на најмалото родено женско бебе изнесува 252 грама и родена е во 2015 година во Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.