Преку ноќта и изутринава времето во Македонија е облачно со врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. На места во источните делови врнежите се престанати.
Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Пожаране, Лазарополе, Охрид, Маврово, Дебар, Крушево и Битола.
Најстудено било во Маврово 4 степени, во Пожарене и Крушево (5 степени), како и во Лазарополе, Тополчани и Журиште (6 степени).