Најмоќниот Грузиец бара Тбилиси да им се извини на Русите за војната во 2008 година

Грузискиот милијардер Биѕина Иванишвили, поранешен премиер и лидер на партијата што се очекува да победи на изборите во октомври, побара од Тбилиси да им се извини на Русите во сепаратистичките региони и на Москва за војната во 2008 година.

Иванишвили тврди дека „криминалниот режим“ на тогашниот грузиски лидер Михаил Саакашвили, поттикнат од „странски сили“, ја предизвикал руската воена интервенција во август 2008 година.

– Веднаш по изборите на 26 октомври оние што ја поттикнаа војната ќе се соочат со правдата, а Грузијците после ќе се извинат за војната – изјави Иванишвили, говорејќи на предизборен митинг на неговата партија Грузиски сон во Гори.

Саакашвили веќе отслужува јазна од шест години затвор поради злоупотреба на власта додека беше претседател. Неговата партија Обединето национално движење ја оцени изјавата на Иванишвили како „национален срам, што им служи на интересите на Русија“.

Во извештај на независна комисија организирана од Европската Унија во 2009 година беше заклучено дека Грузија ја предизвикала војната, кога извршила напад со тешка артилерија врз проруската автономна област Јужна Осетија. Во извештајот се додава дека Русија одговорила со прекумерна сила. Војната заврши за пет дена со протерување на грузиските сили од проруските региони. Веднаш потоа Москва гија призна сампорогласената независност на регионите Јужна Осетија и Абхазија.

Фото: ЕПА, Зураб Куртсикиѕе

Пронајдете не на следниве мрежи: