Најниско ниво на цената на нафтата во изминатите 365 денови поради новиот коронавирус

Цената на нафтата во САД е на најниско ниво за една година поради ширењето на коронавирусот, што влијае врз светската економија.
Еден барел американска лесна нафта се продава за 48,88 долари, што е најниска цена од јануари 2019 година. Цената на нафтата се намали за 1,3 отсто и за 10 проценти во минатата недела.
Барел „Брент“ се продава за 1,5 отсто поевтино, денеска достигна цена од 54,11 долари, најниско ниво за изминатите две недели.
Цената на американската нафта се намали откако Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради коронавирусот, а се зголеми и бројот на заразени во Јужна Кореја, Италија и Иран.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.