Најновиот модел на Porsche 911 пристигна на скопскиот асфалт

Во јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен  модел Порше 911, деновиве во Македонија пристигна најновиот модел на овој престижен и ексклузивен спортски автомобил.„Предизвикувајќи воздишки како кај вработените во Порше Македонија, така и на сите посетители во салонот, овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, Порше 911 ќе плени погледи и по скопските улици“, информираат од компанијата.Како ниеден друг автомобил, Порше 911 претставува хармоничен спој на противречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност. Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил: “911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките во Ле Ман, или низ  Њујоршкиот сообраќај.” кој денес е вистинска асоцијација за типичен спортски автомобил, репер за сите други.Новото Порше 911 го има во две верзии: Carrera и Carrera S со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута. Забрзувањата се фантастични. Кај  Carrera за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај Carrera S за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час.
МакфаксВо јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен  модел Порше 911, деновиве во Македонија пристигна

Пронајдете не на следниве мрежи: