Високиот член на Хамас, Ајман Јунис, наводно е убиен во израелските напади врз Газа, кои беа започнати како одговор на нападот на палестинските милитанти во саботата.
Телото на Ајман Јунис, наводно, било извлечено од урнатините во неделата, откако била гранатирана неговата куќа во бегалски камп во центарот на Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа.
Видеата од овој напад беа објавени на социјалните мрежи, но тие не беа официјално потврдени, па затоа не беше ниту потврдено од официјални извори дека Јунис загинал во гранатирањето.
Да потсетиме, во саботата наутро беа лансирани проектили од Појасот Газа насочени кон јужен и централен Израел. Ова доведе до активирање на сирените за воздушни напади во многу градови и населени места во Израел. На оваа закана веднаш реагираше израелската војска и извести дека извршиле воздушни напади врз Појасот Газа.
Нападите се случија само два часа откако терористичката организација Хамас од Појасот Газа изврши ненадеен ракетен напад врз Израел.
- Вработен во казино се занел на апарати, па потрошил 50.000 денари од – прометот!
- Што најмногу слушале Македонците во 2023 година? Лозано рекордер, на листата Гавазова, Тамара, Каролина…
- За прв пат по речиси 80 години, небото ќе биде осветлено од експлозија на ѕвезда оддалечена 3.000 светлосни години
- Чкембари удрија по Ангеловски: Да имаше образ веќе ќе беше заминат од Пелистер!
- Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор