Најпознатиот музички бенд во Индонезија го проголтаа брановите

Брановите буквално го проголтаа најпознатиот музички бенд во Индонезија. По цунамито еден член на групата загина, а другите се исчезнати.
Членовите на индонезискиот бенд „Seventeen“ заедно со публиката се меѓу исчезнатите луѓе по кои се трага откако во нив удри цунамито кое вчера доцна вечерта ја погоди Индонезија. Цунамито било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау, а во моментот на несреќата бендот свирел во едно летно одморалиште на западот на Јава.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.