Позната по прекрасната природа, исклучително чистите улици и безобразно високите цени, Женева е и најромантичната дестинација во светот за Денот на вљубените.
На истражување направено на аеродромот Гетвик во Лондон се покажува дека по Женева, на второто место се наоѓа Амстердам, а потоа следуваат Единбург, Барселона и Гренбол.
Интересно е тоа што традиционалните романтични дестинации како Париз, Рим и Венеција воопшто не се пласираа меѓу првите десет на оваа листа.
Женева се наоѓа на југоисточниот дел од државата. Претежно е населено со французи и се наоѓа блиску француската граница. Во близината на тој град се наоѓа Женевското езеро кое важи за едно од поубавите езера во Западна Европа. Покрај тоа што Британците ја изгласија за најромантична дестинација за Свети Валентин, во 2011 година Женева беше рангирана и како најскап град на светот.
Погледнете ја целосната листа за најромантични дестинации во светот:
1. Женева
2. Амстердам
3. Единбург
4. Барселона
5. Гренбол
6. Дубаи
7. Белфаст
8. Даблин
9. Тенерифе
10. БриџтаунПозната по прекрасната природа, исклучително чистите улици и безобразно високите цени, Женева е и најромантичната дестинација во светот за Денот на