НАЈСИЛНИ УДАРИ НА ИЗРАЕЛ ПРЕД НАЈАВЕНИОТ прекин на огнот: Газа под оган, рации на Западниот Брег

Израелските одбранбени сили (ИД) денеска ги продолжија воените операции во Појасот Газа пред почетокот на договорениот прекин на огнот.

Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, девет лица се убиени во нападите врз кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а повеќе од 60 Палестинци биле убиени во одделен израелски напад врз кампот Џабалија, на северот на Газа, пренесува Би-Би-Си.

Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал Шифа во Газа, со 14 амбулантни возила, почна денеска во координација со Обединетите нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.