Најсиромашниот претседател во светот се повлече од политика

До 2015 година Мухика беше претседател на Уругвај, а потоа извршуваше функција на сенатор. Оставка поднесе поради пандемијата со коронавирусот.
„Во животот постои време кога доаѓате и си заминувате. Им благодарам на моите поддржувачи кои ми даваа поддршка во изминатите 26 години. Со години во мојата градина нема место за омраза, научив тешка лекција која ми ја даде животот, омразата само те прави поглупав“, вели Мухика.


Со оглед на неговите години и хроничните здравствени проблеми, тој не може во целост да ги извршува неговите должности поради ситуацијата со коронавирусот, па затоа поднесе оставка.
Додека беше претседател на Уругвај донираше 97 проценти од неговата плата за сиромашните, возеше Volkswagen Beetle од 1987 година и продаваше цвеќе одгледано во неговата градина. Живееше во скромна, селска куќа покрај Монтевидео со сопругата. Немаше телохранители, ниту службен возен парк. Ја одби пензијата која му припаѓа додека беше во уругвајскиот Сенат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.