Оваа новогодишна елка до половина е декорирана со украси, а на другата половина се наоѓа список од жртвите.
Иако дочекот на новата 2021 година поради пандемијата ќе биде малку поразлична, некои од светските метрополи сепак заблескаа целосно во новогодишната декорација.
Па, така плоштадите ширум светот украсени се со новогодишни елки, но една од најтажните е поставена во Бејрут.
Елката со имиња на загинатите луѓе од страшната експлозија во пристаништето во главниот град која што се случи на 4-ти август годинава. поставена е на местото на трагедијата.
Новогодишната елка до пола е декорирана со украси, а на другата половина се наоѓа список со жртвите.
На овој начин оддадена им е почит на сите оние кои што погинале во една од најголемите трагедии во Либан.
Да ве потсетиме, престолнината на Либан оваа година ја зафати страшна трагедија (експлозија) во која што загинаа над 200 луѓе, додека пак 6.500 беа повредени.
Голем број од луѓето останаа без своите домови кога експлодираа 2.750 тони амониум-нитрат кој што беше сместен во складиштето во пристаништето од 2013-та година.
Фоторафии од ужасот го обиколија светот, а експлозијата се почувствува стотини километри подалеку.
По бранот потреси, владата поднесе оставка, а премиерот и многубројни министри се соочуваа со голем број обвиненија поради експлозијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.