Дилета Леота ја сметаат за најубавата спортска новинарка во светот.
Таа се породи во средината на август и на свет го донесе своето прво дете. Сега реши да се врати на терен.
Дилета ја доби ќерката Арија со фудбалскиот голман Лорис Кариус, а потоа фотографиите ги објави на сите социјални мрежи.
Меѓутоа, новопечената мама сега и се врати на својата прва љубов – спортското новинарство, а грандиозниот камбек го зачини со жонглирање фудбалска топка, и тоа на високи потпетици.
Нејзините многубројни обожаватели биле воодушевени од враќањето на омилената новинарка и не се двоумеа да остават коментари под видеото што таа го објави на Instagram.
„Убава, секогаш“, „Фантастична си Дилета“, Неверојатна“, се само дел од многуте коментари.