Хрватската пратеничка се забавуваше на третиот по ред концерт на српската пејачка во Загреб, а како се забавувала покажа на Инстаграм.
Марина Опачак Билиќ според некои ја носи титулата „најубава хрватска политичарка“, а таа деновиве не го пропушти концертот на српската фолк пејачка Александра Пријовиќ во загрепската Арена.
Пратеничката одлично се забавувала на третиот загрепски концерт на српската ѕвезда Александра Пријовиќ, а доказ за тоа се фотографиите и видеата што ги сподели на Инстаграм.
Марина Опачак била во друштво на другарките, а судејќи по фотографиите одлично си поминала на концертот на Прија.