Најубавите замоци во светот

Иако деновите на кралеви и кралици одамна поминаа, нивните фамозни замоци сè уште стојат како доказ на нивното владеење, нивната моќ и нивниот раскошен живот. Од замоци кои изгледаат како оние од бајките, до суптилни замоци, овие живеалишта опстанале долго по нивните градители. Како и да е, секој од нив со посебна приказна и фасцинантен на свој начин.
“Алхамбра“ во Гранада во Шпанија служела како идеална воена тврдина благодарение на нејзината изолираност. Овој замок станал вистинско кралско живеалиште во 13от век и оттогаш бил дом на многу различни султани и така успеал да прерасне во она што го претставува денес. Долги  години владетели биле муслимани, па архитектурата на замокот била таква, но откако во 1491 година султанот Мухамед XII му го предал замокот на шпанскиот крал Фердинанд II, започнала реновација која иако значајно го изменила замокот, сè уште се гледа дел од стариот шарм на замокот.

„Мацумото“ во Јапонија бил изграден во 1504 година како мала тврдина и издржал така  се до 17от век кога прераснал во она што го гледаме денес. Овој замок отсекогаш бил посетуван од туристи. Покрај прекрасната типично јапонска градба, и околината на замокот нуди прекрасни градини.

„Версај“ во Франција е еден од најпознатите замоци, а воедно е и еден од најпосетените на светско ниво, со милиони туристи во годината. Тој бил установен како замок во 1631 година, а секој владетел кој живеел таму додал својот личен отпечаток на замокот. По Француската револуција Версај бил прибежиште на Наполеон Бонапарта, музеј на историја и место каде се случила спогодбата за Версај.

„Катериновата Палата“ во Русија била изградена во 1717 година со замисла да биде скромна палата на два ката. Но кога ќе ја погледнете огромната сино, бело, златна структура ќе сфатите дека нема ништо скромно во врска со неа. Причината за тоа е ќерката на рускиот цар Петар Големиот кој ја градел палатата. Таа сакала да создаде замок уште поголем и пограндиозен од Версај, па во 1743 целата палата била реновирана. Овој замок има доживеано уште една промена, во времето на Катерина II, онаа чие име го носи замокот. Таа вметнала покласичен стил на уредување на палата мислејќи дека претходниот стил е премногу накитен. Колку успеала да отстрани од накитеното, заклучете сами.
 
„Нојшванштајн“  во Германија започнал да се гради во 1868 година, а бил завршен во 1982 година. Бидејќи кралот кој првично го замислил замокот и почнал да го гради починал пред да биде завршен, неговите преамбициозни планови за градба била поедноставени. Денес, замокот изгледа како излезен од бајка и е посетен од 1,4 милиони туристи годишно.

„Хава Махал“ во Индија бил изграден во 1799 година за жените од дворецот на Махараја Саваи Пратап Синг  да можат да имаат место од кое ќе се восхитуваат на фестивалите кои биле одржувани на пазарот веднаш под палатата. Тогаш во замокот смееле да влегуваат само жени кои биле дел од кралското семејство, но денес сите туристи смеат да ја искусат „Палатата на Ветрот“ во целост, со сите нејзини одлични места создадени специфично за неверојатни погледи над градот под неа. 
Иако деновите на кралеви и кралици одамна поминаа, нивните фамозни замоци сè уште стојат како доказ на нивното

Пронајдете не на следниве мрежи: