Најуникатните јазици кои се зборуваат низ светот

Познато е дека најтешкиот јазик за учење е јапоснкиот. Но, тој не е единствениот кој изобилува со уникатни карактеристики кои се невообичаени за остатокот на светот. Следните неколку јазици се уникатни, но истовремено и ретко користени и им се заканува исчезнување.

Лемериг е јазик кој се зборува на островскиот рај наречен Вануату, на 1.600 километри од северот на Австралија. Овој јазик моментално го зборуваат само двајца луѓе во светот. Тој има четири дијалекти, од кои речиси сите се изгубени. Јазикот има двојно повеќе самогласки од англискиот јазик, а првпат бил откриен дури во 2003.

Тауширо е јазикот кој порано се зборувал во Перу, но сега го зборува само еден човек кој живее покрај реката Агуаруна. Осамениот човек е Амадео Гарсија. Додека е со други луѓе, Гарсија користи шпански јазик, како и сите останати. Она што е интересно е тоа што во тауширо нема зборови за броеви поголеми од десет. За да кажете број поголем од десет треба да кажете „ашинту“ и да покажете кон соодветните прсти на нозете.

Тенама е уште еден јазик зборуван од само една личност на светот. Јазикот се зборувал на Соломонските острови и е мешавина од повеќе лингвистички карактеристики на австронезиски, малајо-полинезиски, централно-источен и океански јазик.

Камикуро е јазик кој се зборува во Перу и уште еден јазик на кој му се заканува исчезнување. Во целиот свет, само осуммина го зборуваат сé уште, а ниту еден од нив не е дете. Овие осум луѓе создале речник од фрази на јазикот за да го сочуваат, барем на хартија.

Религијата нуди индивидуални подароци, а за петмина Индонезијци еден од подароците е нивниот јазик, лики. Зборуван на северните острови во Индонезија, лики потекнува од црквата. Свештениците го користеле јазикот за да комуницираат само со други свештеници.Познато е дека најтешкиот јазик за учење е јапоснкиот. Но, тој не е единствениот кој изобилува со уникатни карактерист

Пронајдете не на следниве мрежи: