Најчевска: Мислам дека кривична одговорност е претерано, но треба да има некаква прекршочна одговорност

Професорката Мирјана Најчевска смета дека треба да се поведе прекршочна постапка по грешката која ја направи македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска при интонирање на химната на прославата по повод 4 јули во Американската амбасада. За Најчевска ова е само дел од непрофесионалното делување во земјава.
-Ни се случува со погрешни знамиња да пречекуваме функционери, протоколот да нема врска што и како прави. Ова е само цреша на врвот на апсолутното невнимание. Пред да се појави Тамара на туѓо толо, во Америка, бидејќи американската амбасада е туѓо тло, некој од протокол треба да ја информира, да и каже што треба да прави, и да провери. Вината во Тамара не ја гледам толку, колку во она што е кај нас непрофисионалност. Мислам дека кривична одговорност е претерано, но треба да има некаква прекршочна одговорност, треба одговорност и за оние што биле вкучени во протоколарните процедури – рече Најчевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.