Најчест прехранбен дефицит во исхраната е железото

Според податоците на Светската здравствена организација најчест прехранмбен дефицит е железото. Жените се многу поподложни на ова за разлика од мажите, а најизразен е проблемот кај трудниците. Симптомите кои ги чувствуваат се слабост, малаксаност, бледило, забрзано чукање на срцето, слабее и квалитетот на косата, а со време почнува и да опаѓа… Недостатокот на железо е посебно изразен кај доенчињата, децата, адолесцентите, кај жените кои имаат обилни циклуси, кај луѓето со заразни болести и оние кои се под некаква терапија со лекови.


Важно е да се внимава на исхраната, да се јадат доволно намирници кои содржат железо, како што се немасното црвено месо, јајцата, житарици и мешункасти плодови. Проблеми со нивото на железо можат да предизвикаат и лошите комбинации на храна кои се внесуваат во организмот. Познато е дека кофеинот содржан во кафето може да влијае на апсорпцијата на железото.
Од друга страна, продуктите богати со витамин Ц ја поттикнуваат апсорпција на железото во организмот. Тоа најчесто се сезонски намирници кои многу често се користат како додаток во исхраната.
Така што најпрепорачливо е во секое годишно време да се консумираат што повеќе свежи и непреработени намирници, а на редовна база да се проверува состојбата на организмот преку проверка на крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.