Помина повеќе од еден месец од смртта на познатиот хрватски пејач, композитор и аранжер, Оливер Драгојевиќ. Денеска тој повторно е споменуван во медиумите, но овојпат со жалење бидејќи смртта го спречи да го види својот внук Марко.
Вчера хрватските медиуми објавија вест дека се породила снаата на Оливе Драгојевиќ, а неговиот син Давор стана татко за прв пат. На свет дојде здраво машко дете кое ќе го носи името марко-по таткото на покојниот Оливер.
Давор последен се ожени од трите сина на Оливер и има брат близнак. на неговата свадба Оливер ја запеа „Зашто увек пиван“ (Zašto uvik pivan)