Се повеќе како реакција луѓето ги искажуваат своите ставови на своите фејс профили јавно. Највисоко Демократско право е правото на слободен говор и тоа и за почит. Ние како редакција на ПУЛС 24 сакаме да ги објавиме и да допреме со информирање до секого. Ваше е да имате мислење, а наше е да Ви пренесеме што повеќе спротиставени мислења, како пат до правилни одлуки.
Госпоѓо, сметки стигаат и во Европска Унија, родителите Европјани не им даваат на своите деца пари и не ги помагаат, дури моментално во Данска има кампања за да научат барем еднаш да имаат неделен ручек како последица на тотална ерозија на семејните вредности. Европјаните се потешко и помалку стапувааат во брак, Извршителите и законот за извршување е еден од законите со Европско Знаменце, Политичарите и во Европска Унија ветуваат, а Јункер е пијан на 80% од прес конференциите. Пратениците во Европски парламент се така заседнати со мандати што и SИНГО НАШ може да им позавиди, кредит за стан тешко да плаќаш затоа што 80% од населението е под кирија и никогаш нема свој стан, корумпираноста во судството нема сама да исчезне, сите обуки што постојат и школи за судии Европјаните ги водеа, здравството дури и во катастрофална состојба нудеше врвни лекари од рангот на Угриновски, Јосифовски и други со плави картони за секој, наведи еден пример каде обичните работници во ЕУ стигаат и можат да видат таков ранг на професионалци.
НЕ Е ДО НАТО И ЕУ ДО НАС Е!
Ова е статус на Hajdi Sterjova Simonovic вработена во Хелсиншкиот Комитет за Човекови права кој ви го пренесуваме во целост.
“Кога ќе ви дојдат сметките на 1-ви повисоки од вашата плата, сетете се дека името не го дадовте, полесно ќе ви биде. Кога ќе се скарате со родителите оти не ви ја даваат пензијата за да ги платите кредитите на 5-ти, верувам полесно ќе ви е оти вчера бојкотиравте. Кога синот или ќерката ќе ви кажат оти не стапуваат во брак и не сакаат деца затоа што на 35 години се уште невработени или на минималец, бидете горди оти сепак вечното име го зачувавте. Кога ќе ви зачукаат на врата извршителите за застарен неплатен долг, со исправена глава ќе им кажете дека пиреј сте, платата ќе ја дадете ама името не. Кога на суд ќе изгубите затоа што судијата бил од тефтерчето и штител партиски интереси, не очајувајте, па не сте северномакедонци. Кога политичарите од било која партија на избори ќе ви ветуваат, а после нема да исполнуваат и ќе работат за лични интереси, ама ич да не ви е гајле бидејќи лекција им одржавте на референдумот. Кога работодавецот ќе ве малтретира, ќе ви исплаќа помалку плата, ќе ви даде 5 дена одмор колективен сосе викенд, ич да не му ја мислите, името го зачувавте.Кога децата ќе ви бараат нови патики оти од старите прстињата им, гордо кажете им дека се потомци на Александар, а и он одел со голи прсти. Кога децата ќе ви се јават од јабана, голтнете ги солзите и сетете се дека не за џабе гласавте против ЕУ и НАТО, помалку ќе печат солзите. Кога ќе им се пожалите на вашите роднини од странство дека тешко се живее во Македонија, а тие ќе почнат да ви кукаат колку е потежок животот во странство, дека едвај врзуваат крај со крај, и после ќе ви се пофалат со слики од одморот на Сејшели, не се нервирајте, па нели за името се жртвуваа и тие. Кога ќе го затворите бизнисот заради нелојалната конкуренција на партиските фирми, главата горе, антички македонец се може да истрпи. Кога ќе отидете на лекар, и без врски со месеци нема да добиете точна дијагноза, и на крај кога ќе ви кажат дека имате уште 1 месец живот, ама да се откриело порано сто посто ќе сте се излечеле, не очајувајте, името не го продадовте. Кога на шалтер во банка ќе ви кажат дека и минусот веќе сте го потрошиле, вратете се дома и кажете им на вашите деца дека е подобро да гладувате отколку со империјалисти во сојуз да влегувате. Добро утро од македонската реалност!”
Погоре е прво нашето гледиште, а под тоа е статусот на Hajdi Sterjova Simonovic вработена во Хелсиншкиот Комитет за Човекови права. Имате пред вас две страни на приказната и ваше е во што ќе верувате.