Сензационален трансфер се подготвува во македонскиот фудбал. На прагот на потпис со македонскиот прволигаш Гостивар е Луис Нани. Португалската ѕвезда е во заврши преговори со челниците на Гостивар, откако претходно го раскина договорот со Адана Демирспор и во моментот е слободен агент.
Луис Нани добил неверојатно добра финансиска понуда од Гостивар, па сега се очекува да ја соопшти финалната одлука за преселба во Македонија.
Нани е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон, а последен пат играше за Адана Демирспор.