Секое семејство има свои тајни, но тие обично се безопасни и не треба да се грижите. Меѓутоа, една жена ја открила најдлабоката, најмрачната тајна на својот дедо кога решила да направи домашен ДНК тест за забава, пишува Мирор.
Една жена нарачала комплети за тестирање за нејзиното домаќинство откако тие станаа популарни, но веднаш зажали кога стигнаа резултатите.
- Добив комплет за домашен ДНК тест. Потоа добив материјали за моите браќа и сестри и родители. Ова ги поттикна моите роднини да го сторат истото. Тестот не поврза со неколку роднини за кои не знаевме дека ги имаме – ја започна својата исповед збунетата жена.
Сепак, излегува дека нејзиниот 67-годишен дедо има сосема друго семејство, кое го чувал во тајност најмалку 45 години.
- Тој е легално оженет со друга жена, а не со баба ми. Тие имаа церемонија за размена на завети, но не се легално во брак. Тој има сопруга и еден куп деца и внуци со неговото второ семејство. Не знам како сето ова време го криеше – истакна таа.
Како што објаснила, дедото обично многу патува поради работа, но никогаш не би помислиле на вакво нешто
- Баба ми е уништена. Тие беа заедно 45 години, но се покажа дека нивната врска не е вистинската. Никој од нас немаше поим и сега нашето семејство е уништено, а исто така и неговото друго семејство. Посакувам да се вратам во времето и никогаш да не го купам тој глупав тест – признала очајната жена.
Таа ја сподели својата приказна на Редит за да ги повика другите да не купуваат комплети за ДНК, велејќи дека „некои работи е подобро да се остават скриени“.
Сепак, и нејзината приказна и тој коментар предизвикаа многу поделени реакции.
- Всушност, добро е што дозна сега. ДНК тестот е благослов. Вашата баба би можела да изгуби се што мислела дека е на неа и на вашето семејство, што неговото легално семејство би можело да го наследи и земе ако вашиот дедо умре рано. Вашата баба има време да се заштити и да најде адвокат. Жал ми е што дедо ти испадна толку „покварен“ човек, беше еден од коментарите.
Другиот веднаш се надоврза.
- Вистината обично на овој или оној начин излегува на виделина. Ова и дава шанса на вашата баба да планира, бидејќи таа можеше да остане без сè ако умреше дедото. Вие не сте одговорни за штетата од туѓите лаги. Ова е голема трагедија – напиша тој корисник на Редит.
Третиот беше брутално искрен.
- Вие сте очигледно друго семејство. Сега бабата треба да биде законски заштитена. Таа нема да има право на ништо. Ако имала некаков брак, но знаела дека не е законски регистриран, ништо не добива. Најдобро е да и најдеш адвокат додека е жив и да дознаеш на што има право – рекол тој корисник.