Синот на Александар Вучиќ бил во Москва за време на нападите. Претседателот на Србија изјави дека цел час не можел да го добие на телефон.
„Прво не ми се јавуваше скоро еден час. Потоа ми се јави и се слушнавме. Жив не бев додека не ми се јави. Москва е под полна контрола на специјалците“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој додаде дека утре се игра и натпреварот Црвена звезда – Зенит, и дека тој натпревар е под висок безбедносен ризик.
„Птица нема да може да прелета и да ги загрози гостите или домаќините. Ќе бидеме немилосрдни кон секој што сака да ни ја загрози безбедноста“, порача српскиот претседател.