За да можат детските стопала правилно да се развијат, најдобро е што повеќе да бидат боси, а ако веќе нешто им облекувате на стопалата, тоа нека бидат чорапи со цврст долен дел.
Кога ќе дојде време за папучи, обрнете внимание на неколку работи.
Добрите папучи треба да бидат:
– Долги (12 милиметри подолги од стопалата) и доволно широки (прстите не смеат да бидат стегнати)
– Меки и свитливи (да можат лесно да се свиткаат со рака)
– Да можат да се перат
– Подобро да бидат ниски отколку високи (на детските нозе не им е потребен ѓон ниту потпетици)
– Направени од лесен материјал кој „диши“ (децата се секогаш во движење и нивните нозе не треба дополнително да се греат).