Вечната дилема – дали постои сродна душа или тоа е само романтизирана синтагма, дополнително ја докомплицира потпрашањето – дали таа е само една или секој од нас има повеќе свои “други половини”.
Психотерапевтката Одри Чемпен, во книгата “Како да стигнете до вистинската љубов”, тврди дека во текот на животот можеме да сретнеме неколу личности кои го исполнуваат тој услов.
“Немојте да губите надеж ако сѐ уште не сте ја сретнале сродната душа или ако мислите дека сте ја загубиле шансата кај онаа вистинската љубов”, вели таа, и додава: “Животот постојано ви прирдува нови прилики, ве подготвува за личноста која е навистина за вас. Немојте да се изненадите ако еден ден сфатите дека тоа е вашиот прв сосед или другарот од детството. Тоа никогаш не се знае.”
Психотерапевтката тврди дека кога ќе се опуштиме и ќе престанеме да се оптеретуваме дали ќе пронајдеме некој кој е навистина за нас, тогаш тој сам ќе се појави.
После неколку години, вели, може да се појави уште еден/една и тоа повторно во “форма” на сродна душа.