НЕ САКА НИ ДА СЛУШНЕ ЗА СЕВЕРИНА: Кеба на прашањето за поранешната снаа го прекина интервјуто

Драган Којиќ Кеба зад себе има многу хитови, а наскоро ќе ја воодушеви публиката со нова песна. Кеба подготви дует со пејачка која се уште е непозната за јавноста.
Пејачот се појави на снимањето на новогодишната програма. Додека со воодушевување зборуваше за новата песна, Кеба откри дали жали што не сними дует со поранешната снаа Северина Вучковиќ, која важи за голема ѕвезда на естрадата.
Во продолжение откри како се чувствува неговиот син Игор Којиќ по разводот, но и колку е здрава неговата сопруга Оља.
-Ве поканувам сите, ќе биде добро дружење и добри интервјуа – рече Кеба на прашањето за промоцијата на новата песна, а на прашањето за дуетот со Северина веднаш го смени тонот и одговори многу кратко, не сакајќи да го спомне името на поранешната снаа.
– Зборуваме за дуетска песна со девојка по име Марина – кратко рече.
Неодамна Игор се разведе од Северина, а сега Кеба откри како се чувствува неговиот син после се, со оглед на тоа што во јавноста не ги открија деталите за раскинувањето.
– Не знам, пронајдете го и прашајте го. Добро е. Ако видите насмевка на моето лице, тоа значи дека е добро. Сите се добро – изјави Кеба, нагласувајќи дека брза додека капки пот му се слеваат по лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.