Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера наполни 46 години, но не сакаше да го прослави својот роденден оваа година.
Оваа година се одлучи за интимна прослава, а за тоа ја „обвини“ ќерката Анастасија Ражнатовиќ.
-Оваа година одлучив да не славам, бидејќи многу добро си поминавме на роденденот на Анастасија пред две недели. Си реков нема потреба сега повторно да правам забава, вели пејачката за српските медиуми.
Секако честитките пристигнаа од сите страни, но и подароци кои со нетрпение ги сподели на својот Инстаграм профил.
Имено таа доби големо срце со фотографии од неа, но и многу цвеќиња и скапи подароци кои не успеа да ги сподели со фановите.
Фановите инаку веднаш се запрашаа дали овој подарок со рози и бонбони можеби е од нејзиното момче?