Стоматолозите конечно одлучија која храна е најлоша за забите кај децата – и со ова рангирање непријатно изненадија многу родители.
За порталот Eat This, Not That, д-р Роналд Плотка, кој има повеќе од 40 години искуство како стоматолог во Бостон, даде упатства што ќе им бидат од корист на многу родители, особено ако нивното дете има проблеми со забите.
Имено, докторот составил листа на храна која дефинитивно е најголемата причина за честите посети на стоматолог.
Слатки
„Кога децата јадат слатки, брзо се произведува киселина што може да предизвика значителна штета на емајлот, што доведува до расипување на забите“, објаснува д-р Плотка.
Суво овошје
Кога родителите им даваат сушено овошје на своите деца, тие веруваат дека тоа е нутритивно добро. Сепак, може да се залепи за забите на децата, што доведува до формирање на плак (вид наслаги) и кариес.
Скроб
Д-р Плотка вели дека на почетокот на оваа година е направен преглед на студии, со што е утврдено дека, покрај шеќерот, скробот е поврзан и со појавата на кариес кај децата.
Чипс
Ако сте изненадени бидејќи чиповите се на списокот, еве објаснување.
„Чипсот од компири е меѓу намирниците со највисоко ниво на скроб, кои многу брзо се распаѓаат во шеќер. Предизвикува формирање киселина во устата, со што се уништува емајлот кај децата“, тврди д-р Плотка.
Стоматологот советува дека храната кон која луѓето треба да посегнат за да го зачуваат здравјето на забите се овошјето и зеленчукот, млечните производи, храната со помала содржина на шеќер и водата за пиење.