Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација, Оливие Жиру, иако има 36 години не планира да се пензионира од националниот дрес, посочувајчи дека сѐ уште не е спремен да направи таков чекор.
За разлика од голманот и капитен Уго Лорис, кој после СП во Катар ѝ кажа збогум на репрезентацијата, а тоа го сторија и резервниот голман Стив Манданда, како и Рафаел Варан, кој неочекувано се пензионираше на 29 години, Жиру, актуелниот центарфор на Милан најавува дека ќе продолжи да игра за „триколорите“, иако во најава беше дека можно е и тој да се повлече од националниот дрес.
Жиру има 120 настапи за Франција, а даде 53 гола и на СП во Катар стана најдобриот стрелец во историјата на „триколорите“. Сега се очекува Еуро 2024 во Германија дабиде негов последен турнир.