СТОЛТЕМБЕРГ: Не треба да ја потценуваме Русија

Јенс Столтенберг во петокот за АФП изјави дека членките на НАТО мора да ја задржат поддршката за Украина додека „[рускиот] претседател Путин не разбере дека не може да победи на бојното поле“.

Столтенберг тврдеше дека Москва се подготвува да ја продолжи војната во Украина, нагласувајќи дека земјите-членки на алијансата треба да го задржат протокот на оружје кон Киев.

Генералниот секретар додаде дека во моментов нема индикации дека Путин „се откажал од својата севкупна цел да ја контролира Украина“.

„Не треба да ја потценуваме Русија. Русија планира долга војна“, рече тој во интервјуто, додавајќи дека најверојатно оваа војна ќе заврши на преговарачката маса, како што прават повеќето војни.

Во врска со извештаите дека САД планираат да испратат системи за противвоздушна одбрана Патриот во Киев, началникот напомена дека во тек е дискусија за испорака на системот.

„Имаме дијалог меѓу сојузниците за дополнителни системи, но станува се поважно да се осигураме дека сите системи што се испорачуваат се функционални“, рече тој

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.