Не ја мешајте љубовта со љубомората: Предупредувачки знаци дека имате работа со партнер кој сака да ве контролира

Доколку се препознаете во продолжение на статијата, не размислувајте, туку реагирајте! Постојано ѕвонење проверување каде сте и со кого… и сличното однесување, на почетокот може да делува како доказ за љубов, но токму ова се знаци дека партнерот со кој сте во врска има потреба да ве контролира.
За жал, понекогаш е тешко да сфатите дека станува збор за контрола, а ако вашата врска ја препознаете во некоја од наредните потточки, таа дефинитвно нема никаква поврзаност со љубов.


1. Очекува секогаш да му се јавувате
Ако случајно го пропуштите неговиот повик, почнува да се сомнева и станува љубоморен, а ниедно објаснување не е доволно добро за да се отстрани неговиот сомнеж.
2. Отворено приговара кога одите некаде без него
Ова на некои жени им делува романтично, но реалноста сепак е малку поинаква. Мажите кои се опседнати со контролирање, едноставно не можат да ги поднесат дури ни најбаналните работи, на пример излегување на кафе со пријателките.
3. Неочекувано се појавува пред вас
Или пак, доколку живеете заедно знае неочекуванода дојде во станот, како да очекува дека ќе наиде на нешто што не треба. Постои разлика помеѓу романтични изненадувања и неконтролирана љубомора.
4.Очекува да му дозволите да ви ги чита пораките
А најчест аргумент му е „ако ништо не криеш, ќе ми дадеш да видам со кого се допишуваш“. Пораките се приватна работа, а ваквите мажи ќе пронајдат нешто сомнително дури и кога тоа не постои, само да можат да докажат дека се во право.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.