Не јадете бисквити на работното место

Не е по бонтон да им крадеме од јадењето на колегите од заедничкиот фрижидер, ниту да ја јадеме на компјутер, особено не јадење со интензивен мирис.
Не е по бонтон да им крадеме од јадењето на колегите од заедничкиот фрижидер, ниту да ја јадеме на компјутер, особено не јадење со интензивен мирис, но не би требало ниту да јадеме бисквити, особено ако ги макаме во чај или кафе, покажува едно британско истражување.

Секој петти испитаник рекол дека му пречи особено ако колегата го мака бисквитот во чај или кафе додека јаде за време на состанок. Од друга страна, дури 71% испитаници рекле дека обожаваат да го макаат бисквитот во кафе или чај.
Кога сме кај бисквитите, вработените не се воодушевени ниту кога колега ќе им ја отвори кутијата, но тоа не е најстрашно. Најјмногу од се се ежат трошките на работната амса кои ги направил некој кој уживал во вашите бисквити. Дури 38% испитаници сметаат дека ова е голем престап во деловниот бонтон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.