Неверојатни бројки: Дури 83.347 нови заразени случаи во Индија, починати над 1.000 за еден ден

Во Индија денес, по вчерашниот пад, повторно е регистрирано зголемување на бројот на новозаразени, бидејќи биле потврдени 83.347 нови случаи. 

Починати се 1.085 лица, соопшти Министерството за здравство, пренесува Ројтерс. 

Индија, со население од 1,4 милијарди жители, објавува висок дневен биланс на инфекции секој ден, а нејзините преоптоварени здравствени услуги прават големи напори да ја стават под контрола пандемијата.

Со вкупно 5,6 милиони заразени, Индија е на второто место по Соединетите држави, а досега починаа повеќе од 90 000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.