Годинава по вековните свадбарски традиции и обичаи, својата љубов на Галичка свадба ќе ја крунисаат Стефана Димитрова и Даријан Кочоски. Уникатната манифестација, според најавите ќе се одржува од 12 до 14 јули, а Советот на Месната заедница го направи изборот на невеста и зет пред неколку дена.
„Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!“, стои во соопштението на МЗ Галичник.