Невозможно е да ослабите сè додека не ги прифатите овие 9 тешки вистини

1. Телото работи против вас
Кога се обидувате да изгубите тежина, не се борите само со желбите, туку и со сопственото тело.
Губењето тежина го намалува нивото на хормонот лептин, кој му сигнализира на вашиот мозок дека сте сити, а го зголемува нивото на хормонот грелин, кој го зголемува чувството на глад. Оваа нерамнотежа на хормоните трае долго откако ќе успеете да ослабите, што го отежнува одржувањето на тежината.
Покрај тоа, ако сте изгубиле многу килограми за краток временски период и драстично го намаливте бројот на калории, веројатно сте го забавиле вашиот метаболизам.
Во таа ситуација, веројатно сте изгубиле поголема мускулна маса. Мускулите се двигатели на метаболизмот, па тоа придонесува за негово забавување.
Умереното намалување на килограмите е подобро затоа што е докажано дека долгорочното зголемување на физичката активност и рационалното намалување на калориите помагаат за долгорочно слабеење.
2. Нема брзо решение
Сите тие диети „5 килограми за 5 дена“ и слични чудотворни рецепти не се ефикасни, барем не на долг рок. Ако сакате да имате 30 килограми помалку до свадбата што е следниот месец, прифатете дека тоа не е возможно.


Кога се обидувате да изгубите тежина, тешко е да бидете трпеливи. Но, избегнете го искушението да пробате нешто драстично. Брзата диета со гладување може да го уништи вашиот метаболизам и да ги саботира вашите напори за слабеење на долг рок.
3. Вежбањето не може да биде сè
Вежбањето ви помага да изгубите килограми и да ја одржувате телесната тежина и според извештајот на американското Национално биро за контрола на телесната тежина треба да вежбате 4 пати неделно по 1 час. Но, речиси е невозможно да се ослободите од вишокот килограми само од вежбање.
За да изгубите 1 килограм масти, треба да согорите 3.500 калории повеќе отколку што трошите за да видите колку е тешко да „вежбате“ преку лошата исхрана. Наместо тоа, треба да внимавате што јадете и да вежбате.
4. Не постојат чудотворни апчиња
Малите таблети за кои тврдат дека го надополнуваат метаболизмот се примамливи, но има малку докази дека тие функционираат. Според едно истражување, разните додатоци за слабеење не се поврзани со намалувањето на килограмите.
Јадете помалку, движете се и вежбајте повеќе и придружете се во некоја група за слабеење за да бидете мотивирани.
5. Клучот не е во една намирница
За многу намирници како грејпфрут, зелка, јаболков оцет и др. се вели дека се чудотворни кога станува збор за слабеењето. Суровата вистина е дека тоа е само краткорочно. Штом ќе се вратите на стариот режим на исхрана, се враќаат и килограмите и тоа се случува во 99,9% од случаите.


6. Еден вид исхрана не одговара на сите
Рецептот со кој вашата пријателка изгубила 20 килограми не значи дека ќе ви одговара и вам бидејќи секој организам е различен, а дури и психата е различна.
Кога разгледувате како најдобро да ослабите, размислете за вашето здравје и за историја на семејството, за метаболизмот, за нивото на активност, за возраста, за полот и за тоа што сакате и што не сакате да јадете. При губење на тежината, важно е да си ја дозволите храната во којашто уживате затоа што во спротивно ќе се чувствувате лишени и многу помалку ќе се придржувате до целиот план на здрава исхрана. За да успеете да изгубите тежина, приспособете ја исхраната според вашето тело и вашите способности.
7. Кардио вежбите се клучни, а помага и тренингот за сила
Според Упатството за физичка активност објавено во ноември 2018 година во списанието на Американското медицинско здружение, возрасните треба да имаат 150 минути аеробни вежби со умерен интензитет или 75 минути напорна аеробна активност (или комбинација од двете) на неделно ниво.
Овие упатства треба да им помогнат на повеќето луѓе да изгубат тежина, но тие што имаат прекумерна телесна тежина треба да бидат уште поактивни и да вежбаат најмалку 30 минути на ден. Покрај тоа, не прескокнувајте ги тренинзите за сила затоа што тие ги подобруваат здравјето на зглобовите и функцијата на мускулите.
8. Мажите може да јадат повеќе од жените
Не е фер, но мажите можат да јадат повеќе од жените и сепак да изгубат тежина. Тоа е затоа што мажите природно согоруваат повеќе калории од жените, благодарение на нивната големина, на мускулната маса и на покаченото ниво на хормонот тестостерон што го стимулира растот на мускулите. Покрај тоа, машкото тело е генетски дизајнирано за повеќе мускули и помалку маснотии од женското тело затоа што мажите не мора да складираат енергија која е потребна за раѓање деца. Затоа, не споредувајте ги вашите порции со оние на вашиот партнер.
9. Тоа не е диета, туку начин на живот
Ако сакате да ја намалите тежината и да ја задржите новата фигура, треба да го промените однесувањето, не само додека не ја постигнете целта, туку и во следните години. Тоа е за да не ги вратите килограмите што ги изгубивте. За да постигнете успех во губењето на тежината, треба да направите промени во животниот стил, како што е изборот на здрава храна во речиси секој оброк и треба редовно да вежбате секоја недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.