Од УХМР јавуваат дека времето дееска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ=6
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. T= 33 °C, P= 979 hPa, U= 30 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Денес и утре во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и град.